ГО НАШЛЕ ДЕТЕТО ВО БАЗЕН ВО ДВОРОТ, ПРЕНЕСЕНО Е НА КЛИНИЧКИ Трагедија во прилепско Заполжани
Случајот кон 20.30 часот во неделата, 20 јули, го пријавил доктор од Општата болница „Борка Талески“ во Прилеп. Родителите С.И. и Б.Т. рекле дека го нашле детето во базенот, се вели во полицискиот билтен.
Едноиполгодишно дете било пронајдено во безсознание во базенот на семејниот двор во прилепското село Заполжани, информира полицијата.
Случајот кон 20.30 часот во неделата, 20 јули, го пријавил доктор од Општата болница „Борка Талески“ во Прилеп. Родителите С.И. и Б.Т. рекле дека го нашле детето во базенот, се вели во полицискиот билтен.
На детето веднаш му била укажана помош во Прилеп, по што е пренесено во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи.