ГО НАШЛА ПРЕКУ ИНТЕРНЕТ, ПА МУ ДАЛА КАПАР ЗА МЕБЕЛ Арачиновец „олеснил“ тетовка за 550 евра

Лицето се претставило како претставник на фирма за мебел и се договориле таа да нарача мебел, за што му дала и капар.

1

За сума од 550 евра била измамена 47-годишна жена од тетовскиот регион, од страна на лице со иницијали С.С. од скопско Арачиново. Таа го пријавила случајот вчера во 13 часот во Секторот за внатрешни работи – Тетово.

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека според пријавеното, во текот на февруари 2026 година, преку социјална мрежа, таа стапила во контакт со лицето. Тоа се претставило како претставник на фирма за мебел и се договорила да нарача мебел.






– Како што е пријавено, откако се сретнале му ги дала парите како капар, но, услугата не била извршена, а тој бил недостапен на телефон. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, се наведува во соопштението.

Поврзани содржини