ГО НАПАДНАЛЕ И МУ БАРАЛЕ ПО 400 ЕВРА МЕСЕЧНО Расчистена тешка изнуда во Прилеп
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 20 март 2025 година, С.Р. и А.Т. го нападнале сопственикот и барале месечно да им дава 400 евра за обезбедување на објектот. По неколку закани, сопственикот се договорил со Р.Р. да му ги даде парите на 26 март. По примањето на парите, Р.Р. бил уапсен, се вели во полицискиот билтен.
Прилепската полиција уапси 53-годишен прилепчанец кој примил 400 евра од сопственик на угостителски објект во градот и ги претресе домовите на две лица кои му се заканувале и го нападнале сопственикот на објектот изнудувајќи му да им ја доставува оваа сума секој месец за обезбедување на објектот, информираше Министерството за внатрешни работи.
„Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 20 март 2025 година, С.Р. и А.Т. го нападнале сопственикот и барале месечно да им дава 400 евра за обезбедување на објектот. По неколку закани, сопственикот се договорил со Р.Р. да му ги даде парите на 26 март. По примањето на парите, Р.Р. бил уапсен“, се вели во полицискиот билтен.
ОВР Прилеп информира дека полицијата потоа извршила претрес и во домовите на другите две лица, а на сите тројца им е определен 30-дневен притвор.
Р.Р, таткото на С.Р. кој ги земал парите е спроведен во казнено-поправна установа.