ГО НАМАМИЛЕ СО ПОРАКА, ГО ПРЕТЕПАЛЕ И ГО ФРЛИЛЕ ВО БУНАР Грозоморно убиство во Тутин, Србија
Во меѓувреме, првоосомничениот за ова злосторство Сеад Зеќовиќ успеал да побегне во Германија, без никој да забележи дека нешто се случило.
Грозоморно убиство се случи во Србија, во местото Тутин. Нусрет Дестановиќ (28) бил претепан до смрт од повеќе лица, меѓу кои и поранешниот сопруг на жената со која тој се среќавал, информираат српските медиуми.
Дестановиќ отишол на договорена средба со жената, но бил пречекан и убиен од лицата блиски до нејзиниот сопруг. Се покажало дека пораката за средба ја испратил поранешниот сопруг на жената, со цел да го намами да дојде. Притоа, го начекале мажите и го претепале до смрт.
Постојат сомнежи дека и жената е вмешана и дека таа намерно го дала својот телефон, за Дестановиќ да мисли дека ќе се сретне со неа.
Телото на несреќното момче е пронајдено во бунарот во дворот кај осомничениот за убиство.
Во меѓувреме, првоосомничениот за ова злосторство Сеад Зеќовиќ успеал да побегне во Германија, без никој да забележи дека нешто се случило.
Дестановиќ исчезнал во четвртокот и оттогаш по него се трагаше. Смртоносниот удар бил нанесен во главата, по што веројатно насилниците го фрлиле во бунар во обид да го прикријат злосторството.
Во полициска акција припадниците на МВР во Нови Пазар уапсија три лица во врска со бруталното убиство на Дестановиќ.
Меѓу уапсените е и Е.Џ. (18) од Сјеница, осомничен за тешко убиство во соизвршителство и Елвис Хрњак (40) од Нови Пазар, обвинет дека му помагал на сторителот по извршувањето на кривичното дело. Третото лице Ријалда Хачи (27) од Сјеница е приведено бидејќи не пријавило подготвување кривично дело.