ГО ИЗНЕНАДИ ЦЕЛИОТ РЕГИОН Оливера ги избриша фотографиите со Балашевиќ и го врати моминското презиме (ФОТО)
Оливера неодамна ја заинтригирала јавноста во Србија кога ги избришала сите фотографии со Ѓорѓе Балашевиќ на Инстаграм.
Вдовицата на легендарниот пејач Ѓорѓе Балашевиќ, Оливера Балашевиќ објасни на својот Фејсбук профил зошто го вратила своето моминско презиме.
Оливера неодамна ја заинтригирала јавноста во Србија кога ги избришала сите фотографии со Ѓорѓе Балашевиќ на Инстаграм, па затоа тамошните медиуми почнале да шпекулираат за што се работи.
View this post on Instagram
„На насловната страница на мојата книга која е причината за моето рекламирање, стои презимето Савиќ, моето моминско и презиме на мојата мајка, кое ме чуваше во годините прераскажани на страниците кои следат… Го ставив од почит, наместо посвета, а помалку и од празноверие, не баш како зајчева шепа, туку како крило на ангел кој совесно бдеел над куќата кај Бегеј. Така што, нема никаков скандал, дури ни мистерија околу тоа, ниту нешто што би можело да им конкурира на „задруги“ и короната во медиумите, во ретките преостанати весници и во таканаречените портали. Ако заради некоја причина се случи да станете таканаречена јавна личност“, најчесто ве гледаат како јавна сопственост па така и се однесуваат кон вас. Само ми олесна кога видов дека никој не објавил ништо за моите деца, за моето семејство, а со тоа и за мене, или за екстремниот недостиг на теми во оваа книга. Вистина е дека објавувањето вести беше сведено главно на емитување од нечии лични објави на социјалните мрежи, но и овде има силни случајни и намерни грешки, малку од мрзеливост, малку повеќе од злоба“.“, напишала Оливера на својот профил на Фејсбук.
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм