ГО ИЗЛАЖАЛ ДЕКА Е ПОЛИЦАЕЦ, МУ ОДЗЕЛ ДОКУМЕНТИ, ПАРИ И ПЛАТЕЖНА КАРТИЧКА Го качил во возило и го возел од Гази Баба до Аеродром
Лицето што лажно се претставило како полицаец му рекол на М.А. да влезе во друго возило и му одзел пари и платежна картичка, а подоцна го симнал на подрачјето на Аеродром, соопшти полицијата.
Скопјанец бил ограбен од лице кое му се претставило како полицаец. Лажниот полицаец од жртвата одзел документи, пари и платежна картичка.
„На 29.10.2025 година во 11.10 часот во СВР Скопје, М.А.(61) од Скопје пријави дека на 28.10.2025 година околу 00.30 часот на подрачјето на Гази Баба, додека бил во своето патничко возило, едно лице кое му се претставило дека наводно е полициски службеник, му одзело документи од возилото. Потоа, според пријавеното, му рекол на М.А. да влезе во друго возило и му одзел пари и платежна картичка. Подоцна го симнал на подрачјето на општина Аеродром“, соопшти полицијата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.