ГО ИЗБРКАЛЕ ОД РАБОТА ЗАТОА ШТО СЕ СЛИКАЛ СО ИЗЕТ МЕЏИТИ?! Вработен во средното музичко училиште вели дека политиката помешала прсти во отказот
Семоќните властодршци одлучија поинаку, бидејќи јас поддржав различно мислење: причината за мојот отказ е фотографијата со првиот човек на Демократското движење, Изет Меџити, порача разрешениот Мустафа Имери.
Раководителот на катедрата за албански јазик во средното музичко училиште „Илија Николовски Луј“ во Скопје, Мустафа Имери, разрешен е од функцијата затоа што, како што самиот вели, објавил фотографија со првиот човек на Демократско движење, Изет Меџити, пренесе Алсат.
ТВ Алсат ја пренесува изјавата на Мустафа Имери како припадник на Европскиот сојуз за промени на здружената албанска опозиција:
„Семоќните властодршци одлучија поинаку, бидејќи јас поддржав различно мислење: причината за мојот отказ е фотографијата со првиот човек на Демократското движење, Изет Меџити. Каква порака е ова и колку низок удар е ова?! Ова во врска со поинаквото мислење се случува не само во ова училиште, туку и во целата држава и во сите институции. Оваа техничка Влада го уназади тоа 100 дена. Вие разрешувате, но народот ќе се обедини. На ова насилство му преостанаа само уште 90 дена. Со својот глас ќе ја уништиме оваа власт. Промената доаѓа“, порача Имери.