Холивудската ѕвезда Џулија Робертс и сопругот снимател Даниел Модер, се најдоа во центарот на скандалот.
Како што пренесува „Њу ајдија“, до крах на овој брак сепак дошло и Џулија одлучила да ја продаде луксузната вила во која во моментот живеат.
– Да, живеат во вилата, но не е доволно голема за да не се сретнуваат, и понатаму се расправаат и „паѓаат“ страшни навреди – рекол неименуваниот извор за наведениот медиум.
Изворот, близок на ова семејство, тврди дека сопружниците, после бројните гласини за развод, одлучиле да дадат сè од себе и да поработат на својот однос. Меѓутоа, се случило спротивното.
Како една од најголемите причини за несогласувањата се наведува фактот дека Џулија и Даниел никако не можат да се согласат каде да живеат. Актерката сака времето со семејството да го поминува на локација Сан Франциско – Мексико, додека тој е задоволен во Лос Анџелес.
– Таа одлучи и Даниел немаше голем избор, го исфрли – заклучил изворот.
Џулија затоа одлучила да купи куќа во Сан Франциско, а таа во која сè уште живеат и на која е сопственичка, решила да ја продаде, па едноставно го избркала сопругот од домот.
Foto: Reprodução/ Instagram