ГО ИЗБОДЕЛ ДЕВОЈЧЕТО ПРЕД ОЧИТЕ НА МАЈКАТА ВО БОСТОН Убиецот доби доживотна казна и дијагноза

Деветгодишната Лилија во Бостон во Велика Британија беше избодена во срцето додека си играше со хулахоп пред очите на мајка ѝ, а судот оцени дека станува збор за „шокантен и ужасен чин на насилство“. Напаѓачот ќе мора да одлежи најмалку 25 години затвор пред да побара условно ослободување

0

Литванецот кој избоде 9-годишно девојче во Линколншир во Велика Британија додека си играла пред продавницата на нејзината мајка е осуден на доживотен затвор. Судот му одреди минимум 25 години пред право на условно ослободување, пишува Скај Њуз.

Нападот се случил на 28 јули 2022 година во Бостон, Линколншир во Велика Британија. Девојчето си играло со хулахоп во пешачка зона, на неколку метри од мајка ѝ.






Судијата при изрекувањето на пресудата рече:

– Требаше да биде безбедна. Си играше во пешачка зона и на само неколку метри од нејзината мајка.

Тој додаде дека станува збор за „шокантен и ужасен чин на насилство“.

Мајката на Лилија, Лина Савикиене, сведочела дека ја нашла својата ќерка „покриена со крв и со обрач околу неа“. Таа викала за помош и се обидувала да ги покрие раните додека девојчето крвавело.

Напаѓачот, Дејвидас Скебас, на кого му била дијагностицирана шизофренија, им рекол на полицајците дека бил контролиран од НАСА. Тој го негирал убиството, но признал убиство од небрежност со намалена одговорност.

Поротата во Крунскиот суд во Линколн на 5 февруари го прогласила за виновен за убиство. На поротниците им било кажано дека несомнено тој ја убил Лилија, но дека сега треба да утврдат каква била неговата ментална состојба во моментот на нападот.

Судијата навел дека Скебас користел канабис и амфетамини, што веројатно ја влошиле неговата шизофренија.

Скебас ја следел пресудата преку видео-врска од високо обезбедуваниот објект во болницата Рамптон во Нотингемшир.

Поврзани содржини