ГО ИЗБЕГНАВМЕ ИТАЛИЈАНСКОТО СЦЕНАРИО Доколку не беа модуларните болници, тешко дека пациентите ќе добиеја соодветна грижа
Нема модел со којшто може да се направат толку многу болнички кревети за кратко време. Имавме обезбедено 700 кревети за 2 месеци и имаше каде да сместуваме пациенти што беше важно, вели министерот.
На новинарско прашање дали сега во оваа ситуација имаше потреба од изградба на модуларни болници, Венко Филипче кажа дека да не биле тие, немало да се изменаџира кризата, и дека сите земји го применуваат тој модел.
– Ова е модел без кој не само ние, туку и другите земји можеа да ја менаџираат кризата. Нема модел со којшто може да се направат толку многу болнички кревети за кратко време. Имавме обезбедено 700 кревети за 2 месеци и имаше каде да сместуваме пациенти што беше важно. Алтернатива беше италијанско сценарио каде што луѓето беа заглавени во автомобилите за итна помош и пред болниците и не можеа да се сместат. И тоа е пример во целиот свет, каде се поставуваа модуларни болници – истакна министерот.
Тој информирашер дека се преземени мерки и биле задолжени сите директори каде има модуларни болници да бидат проверени сите инсталации, струја, канализации, и сите потврдиле дека се е во најдобар ред.
По принципот на модуларните болници во моментов се прават и амбулантите низ земјава, но поради случајот во Тетово, изградбата на истите е стопирана, иако рокот за нивното финиширање е до крајот на септември.
– Малку забавиме со изградбата, за да видиме дали има простор некаде проектот да се подобри. Местата каде што се поставуваат модуларните амбуланти се обични бараки, тие се дрвени и се стари повеќе од 50 години. Сепак сакаме да видиме што ќе покажа истрагата за случајот во Тетово и дали ќе може тој проект да се подобри – одговори министерот на новинарско прашање.