📷 ГО ИСФРЛИ ЈОКИЌ ОД ПЛЕЈ-ОФОТ, НО ДОБИ ГОЛЕМА КАЗНА Вилијамс од Оклахома носел маичка со вулгарен натпис
Маичката што ја носеше Вилијамс е инспирирана од британската ска група „Madness“ и нивниот слоган од 70-тите и 80-тите години. Токму Вилијамс заедно со Шеј Гилџс-Александер беше меѓу најагилните на полуфиналето со Денвер Нагетс.
„Заеби ја уметноста, ајде да танцуваме“, гласи натписот на маичка поради кој НБА парично го казни кошаркарот Џејлен Вилијамс на Оклахома Сити. Според НБА Вилијамс ја носел маичката по завршетокот на полуфиналниот меч со Денвер Нагетс. Нагест загуби од Оклахома со 125-93, што беше седми изгубен натпревар на „пеколното патување“ на тимот.
Маичката што ја носеше е инспирирана од британската ска група „Madness“ и нивниот слоган од 70-тите и 80-тите години. НБА ја смета ваквата содржина за неприфатлива на официјални настани, дури и ако се работи за културна или уметничка референца.
Pretty soft by the NBA imo, but it’s hard to really argue. I mean kids might be watching and you’re out here with a shirt that says “lets” without the apostrophe. https://t.co/NgQBI4XynR
— S. Dolan (@SteveThunderfan) May 19, 2025
Познатиот кошаркарски ас Никола Јокиќ по мечот на новинарите им рече дека „очигледно Денвер не може да го освои трофејот“. Интересно е што Џејлен Вилијамс во оваа победа учествуваше со 24 поени и само Шеј Гилџс-Александер беше поефикасен од него.
По мечот, тој беше казнет со 25.000 долари поради вулгарниот натпис.
Оклахома регуларниот дел од сезоната го заврши со 68 победи и 14 порази, а во финалето на Западот ќе игра со Минесота.