Ѝ ГО „ИСЕКЛЕ“ КОСТИМОТ ЗА КАПЕЊЕ Фотографија од топлес девојче споделувана меѓу врсници

48-годишен жител на Ресен пријавил дека на фотографијата, која ја објавила неговата малолетна ќерка на социјална мрежа, а на која била во костим за капење од пола нагоре, бил направен фотошоп.

1,322

Фотошопирана фотографија на која девојче е прикажано топлес, голо од половината нагоре, е споделувана меѓу повеќе врсници, соопшти битолската полиција.

На 22.08.2024 во ОВР Ресен, 48-годишен жител на Ресен пријавил дека на фотографијата, која ја објавила неговата малолетна ќерка на социјална мрежа, а на која била во костим за капење од пола нагоре, бил направен фотошоп.






При тоа од фотографијата бил тргнат костимот за капење, по што фотографијата била споделувана на повеќе малолетници.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Поврзани содржини