„Ајде главата горе, за 10 години повторно ќе дојдеме на власт“.
Вака Љупчо Зиков, член на Управен одбор на МЕПСО, ги теши членовите и симпатизерите на СДСМ по дебаклот на парламентарните избори.
Нему дури му дојде и до песна, па реши да испее една строфа од песната „Мајка на марика думаше“.