ГО ГЛЕДАВМЕ „THE MENU“, А ВИЕ? Зошто кој било шеф би сакал да ги убие своите клиенти?

Станува збор за филм кој е брутална, но многу прецизна сатира која со многу познавање на темата вели дека и гостите и рестораните се подеднакво виновни за моменталната состојба на фајн дајнинг сцената кадешто готвачите пукаат под притисокот и сопственото его, а публиката која скапо го плаќа мистичното искуство никогаш не е задоволна. Или едноставно не ѝ е грижа за храната што ја добива, важно е само да ја стави на Инстаграм и евентуално, да се слика со шефот

356

Изгледа контраинтуитивно, но за многумина од нас, можеби нема чувство поприсутно во светот на фините ресторани од чувството на некомфорност. Можеби се плашите поради цената на оброкот со Мишелин ѕвезда или сте загрижени дека вашата облека не изгледа доволно фенси. Тоа е тоа неумесно чувство кое The Menu, новиот трилер на режисерот Марк Лојд, го доведува до застрашувачки ефект.

Овој филм ѝ пристапува на темата на филмовите за храна и ресторани на начин на кој публиката не е навикната. Зборот навикнат во оваа реченица кажува многу. Филмовите како „The Chef“ најчесто го прославуваа херојството и заедницата во рестораните, но во последните две години, филмовите се свртеа кон критикување на високата кујна и пореално тематизирање на критичните точки на фајн дајнинг сцената, сцена на работ на пукање за што во последно време се повеќе и повеќе зборуваат водечките светски готвачи.






Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини