ГО ГАЃАШЕ СО ЈАЈЦЕ МАКРОН Студентот заврши на психијатрија

На студентот е направена психијатриска евалуација и е утврдено „отсуство на расудување и потреба лицето да се хоспитализира“, се вели во соопштението на обвинителството. Напаѓачот на претседателот Макрон претходно не бил во судир со законот.

248

Деветнаесетгодишниот студент кој вчера фрли јајце на францускиот претседател Емануел Макрон, по преглед лекар сместен е во психијатриска болница во Лион.

Јајцето го погоди Макрон во рамото при посета на саем за храна во Лион, но тоа се одби од францускиот претседател и не се разлеа.






Против момчето кој го гаѓаше претседателот поведена е истражна постапка за напад на јавно место, соопштило обвинителството.

На студентот е направена психијатриска евалуација и е утврдено „отсуство на расудување и потреба лицето да се хоспитализира“, се вели во соопштението на обвинителството. Напаѓачот на претседателот Макрон претходно не бил во судир со законот.

Поврзани содржини