ГО ФАТИВМЕ, ВО ПРИТВОР Е, НЕКОЈ БЛИЗОК ГО ПРЕДАЛ ЧАРЛИ КИРК Трамп откри детали за осомничениот за стравичното убиство во САД

Подоцна во интервјуто, Tрамп рече дека осомничениот има „28 или 29 години“, јави Би-Би-Си. За тоа како е пронајден осомничениот Трамп рече дека „некој многу близок“ до осомничениот го предал.

439

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека е приведен осомничен за убиството на неговиот соработник Чарли Кирк.

– Мислам, со висок степен на сигурност, дека го имаме во притвор – рече Трамп за време на гостувањето на телевизијата Фокс њуз.






Трамп додаде дека осомничениот бил „некој многу близок со него“, и оти повеќе детали ќе бидат објавени во текот на денот, пренесува Си-Ен-Ен.

Подоцна во интервјуто, Tрамп рече дека осомничениот има „28 или 29 години“, јави Би-Би-Си. За тоа како е пронајден осомничениот Трамп рече дека „некој многу близок“ до осомничениот го предал.

Потоа сподели дополнителни детали за тоа како тоа лице (кое го предало Чарли Кирк) отишло кај таткото на осомничениот (кој е во притво), кој потоа отишол кај американски маршал.

– Таткото го убедил синот – рече Трамп.

Трамп исто така повика на брзо судење и изрази надеж дека убиецот на Кирк ќе добие смртна казна. Според Трамп Кирк бил „талентиран“ и го спореди со „син“.

Кирк беше глас на младите луѓе и „срамно е што тој глас е замолчен“, додаде тој.

Изјавата на Трамп доаѓа по дводневна потрага по осомничениот. Во средата властите испрашаа и ослободија две лица во врска со убиството на Чарли Кирк.

Поврзани содржини