ГО ФАТИЛЕ ЖИВ Тинејџер од Кавадарци се обидел да ограби банка во Аеродром
Лицето било задржано во Полициската станица Аеродром и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Денеска во 3 часот по полноќ полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го привеле 18-годишниот К.Д.(18), со живеалиште во Скопје.
– Тој бил затекнат при обид да изврши „тешка кражба“ во филијала на банка на подрачјето на Општина Аеродром – информираа од МВР.
Лицето било задржано во Полициската станица Аеродром и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.