ГО ФАТИЛЕ ЖИВ КАКО СИ ЈА ПАЛИ КУЌАТА Приведен жител на тетовско Мерово
Според информациите од Тетовската Територијална противпожарна единица пожарот (ТППЕ) бил изгнасат за два часа.
Жител на тетовското село Мерово е приведен откако мештаните го пријавиле за предизвикување пожар. Тој бил приведен вчера околу 21 часот и 30 минути, а пожарот избувнал околу 20 часот.
– Полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 57-годишниот А.А. од тетовско Мерово, кој бил пријавен од жители на ова село дека претходно предизвикал пожар во куќата во која престојувал сам и блиската плевна, а се обидел, според пријавеното, да предизвика пожар во уште една куќа, сопственост на негов близок роднина. Тој е задржан во Полициската станица Тетово. Денеска (10 април) ќе се изврши увид и ќе се расчистува и документира случајот – информираа од СВР Тетово.
Според информациите од Тетовската Територијална противпожарна единица пожарот (ТППЕ) бил изгнасат за два часа.