ГО ФАТИЛЕ СО ДЕСЕТ МИГРАНТИ, ПА ИЗБЕГАЛ Скопјанец со „Ауди“ возел на патот Миладиновци-Куманово

Полицајците му дале знак да сопре, но тој не сопрел туку продолжил да вози и да бега кон Куманово. Потоа го оставил возилото пред влезот на селото Романовце и почнал да бега. Внатре во возилото, полицијата нашла 10 мигранти од Пакистан.

195

При вршење мотопатролна дејност на автопатот А1, од клучката Миладиновци кон Куманово, полицијата вчеравечер открила десет илегални мигранти од Пакистан во возило со скопски регистарски ознаки, но возачот се дал во бегство.

„На 26 февруари околу 20 часот при вршење мотопатролна дејност на автопатот А1, од клучка Миладиновци кон Куманово, од страна на полициски службеници бил даден знак да застане на патничко моторно возило „ауди а8“ со скопски регистарски ознаки, но возачот не го запрел возилото туку се дало во бегство кон Куманово. Потоа возачот го оставил возилото кај мостот на влез за село Романовце и се дал во бегство. При извршениот преглед на возилото пронајдени биле 10 илегални мигранти од Пакистан“, соопшти МВР.






Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани содржини