ГО ФАТИЛЕ СО 3,43 ПРОМИЛИ АЛКОХОЛ ВО КРВТА Уапсен пијан возач на патот Битола – Демир Хисар
49-годишниот В.Р. од селото Обедник вчера бил уапсен на патот Битола – Демир Хисар, откако било утврдено дека управувал моторно возило во тешка алкохолизирана состојба.
При рутинска сообраќајна контрола, полицијата го запрела патничкото возило марка „Ауди“ со демирхисарски регистарски ознаки, кое го управувал В.Р. По извршен алкотест, било утврдено дека тој имал дури 3,43 промили алкохол во крвта, што е неколкукратно над дозволената граница.
Веднаш по утврдување на состојбата, В.Р. бил исклучен од сообраќај и лишен од слобода, а по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик.