ГО ФАТИЛЕ СО 28 УНИВЕРЗАЛНИ КЛУЧЕВИ ЗА ОБИВАЊЕ БРАВИ Уапсен кумановец, полицијата му поднесе кривична
Полицијата при контрола во Куманово открила алатки кои можат да се користат за насилно отворање врати и брави.
40-годишен маж од Куманово доби кривична пријава откако кај него биле пронајдени десетици алатки наменети за отворање брави, кои според полицијата може да се користат при извршување кривични дела.
Станува збор за З.Ч. (40) од Куманово, кој бил затекнат во патничко возило заедно со уште едно лице. При контролата, полициските службеници откриле и одзеле 28 универзални клучеви за отворање брави, како и различни алатки и предмети што најчесто се користат при насилно отворање врати и брави.
По извршената проверка и прибирањето на доказите, против осомничениот е поднесена кривична пријава за изработување и набавување оружје и средства наменети за извршување кривично дело.
Случајот е целосно документиран, а понатамошната постапка ќе продолжи пред надлежните институции.