ГО ФАТИЛЕ, ПА МУ ПЛАТИЛЕ МИЛИОН ЕВРА Копач на биткоин од Шведска ја заoбиколи правдата
Шведскиот дилер на дрога бил затворен, но брзо успеал да си ја плати кауцијата со само 3 од 36-те биткоини кои ги поседувал, бидејќи криптовалутата „скокнала“ во периодот додека бил во притворот, јавува Interesting Engineering. Останатите 33 биткоини, кои сега вределе 1,5 милиони евра, државата ќе треба да му ги врати назад, во чудна судска парница.
Тие кои велат дека не се исплати да бидете криминалец, веројатно не знаат дека доколку сте украле биткоини, правилата на играта се менуваат. Шведски дилер на дрога бил затворен, но брзо успеал да си ја плати кауцијата со само 3 од 36-те биткоини ги поседувал, бидејќи криптовалутата „скокнала“ во периодот додека бил во притворот, јавува Interesting Engineering. Останатите 33 биткоини, кои сега вределе 1,5 милиони евра, државата ќе треба да му ги врати назад, во чудна судска парница.
Веројатно за првпат во историјата некој „копач“ на биткоин ја заобиколи правдата на овој чуден начин. Иако државата сè уште се мисли дали да му ги даде парите, според обвинителот Тове Кулберг пресудата е во согласност со законите на Шведска.
– Поуката што треба да се извлече од ова е да се задржи вредноста на биткоинот, дека профитот од злосторството треба да биде 36 биткоини, без оглед на тоа каква вредност имал биткоинот во тоа време кога бил купен – изјавил Тове Кулберг за Телеграф.
Се сметка дека ваквиот „преседан“ во Шведска се случува затоа што неодамна земјата сама одобри сопствена криптовалута, шведската еКрона, и го нема целосно регулирано статусот на останатите криптовалути, како што е биткоинот.
Во светот моментално има неколку земји кои најавија своја криптовалута, додека Ел Салвадор минатиот јуни го легализираше биткоинот како државна валута.
Додека дилерот не знае дали ќе добие 1,5 милион евра од 33-те биткоини, треба да се има на ум дека истите тие само пред некое време вределе десет пати помалку, односно, 150.000 евра, како што проценил обвинителот Кулберг на почетокот. Идејата дека парите треба да му ги вратат ја дал адвокатот на дилерот како аргумент во текот на судењето.