ГО ФАТИЛЕ НА ДЕЛО Уапсен е крадец во Куманово
Крадецот бил затекнат при обид да одземе предмети од приватен имот во населбата Перо Чичо, а се сомничи и дека одзел повеќе предмети од приватен имот на улица Народна револуција.
Кумановец бил уапсен во средата откако бил затекнат сред обид за кражба.
„На 8 јануари 2025 година, во 13.40 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода 28-годишниот С.Б. од Куманово“, соопшти Министерството за внатрешни работи.
С.Б. бил затекнат при обид да одземе предмети од приватен имот во населбата Перо Чичо, а се сомничи и дека одзел повеќе предмети од приватен имот на улица Народна револуција.
С.Б. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.