ГО ФАТИЛА МАШИНА И ПОЧИНАЛ ВЕДНАШ Страшна трагедија во фирма кај Новоселски пат
Лекар од Итната помош ја констатирал смртта, надлежните институции вршат истрага.
53-годишен скопјанец вчера го загуби животот при извршување на работни задачи во производствена хала на фирма кај Новоселски пат во Скопје.
Несреќата била пријавена во СВР Скопје во 08:40 часот, кога било соопштено дека С.А. (53) од Скопје се здобил со тешки повреди од работна машина. Тој починал на самото место, а смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош.
На местото на настанот бил извршен увид, а надлежните служби ги утврдуваат причините и околностите под кои дошло до трагичниот инцидент.