📷 „ГО ЕЛИМИНИРАВМЕ АБУ ШУЏА“ Израелската војска ја шири војната на Западниот Брег?

Јасно е дека израелската армија се обидува да ја доведе војната од Газа до Западниот Брег. Тие користат воен арсенал за да ги нападнат луѓето кои се под окупација, што е сериозно кршење на курсот на меѓународното право, вели Мустафа Баргути, генералниот секретар и ко-основач на Палестинската национална иницијатива.

496

Израелскит одбранбени сили (ИДФ) денеска соопштија дека убиле пет палестински борци кои се криеле во џамија во Тулкарм на Западниот Брег. Меѓу нив, според ИДФ, е и Абу Шуџа, „шеф на терористичка мрежа во Нур Шамс“. Ова е втор ден од израелската „антитерористичка операција“ во неколку градови и бегалски населби во северниот дел на Западниот Брег, соопшти армијата.

Мустафа Баргути, генералниот секретар и ко-основач на Палестинската национална иницијатива, политичка партија на окупираниот Западен Брег, во средата изјави за Би-Би-Си дека стравува дека оваа последна воена операција претставува опасна ескалација.






– Јасно е дека израелската армија се обидува да ја доведе војната од Газа до Западниот Брег. Тие користат воен арсенал за да ги нападнат луѓето кои се под окупација, што е сериозно кршење на курсот на меѓународното право – вели Баргути.

Израелската армија вчера соопшти дека „елиминирала“ девет палестински борци откако во текот на ноќта почна операција во Џенин, Тулкарм, Тубас и бегалските кампови каде што се активни вооружените групи кои се борат против Израел.

„Терористот Мухамад Џабер, „Абу Шуџа“ беше елиминиран во размена на оган за време на антитерористичките операции во Тулкарм. Џабер, „Абу Шуџа“, беше шеф на терористичката мрежа во Нур Шамс. Дополнително, тој беше вклучен во извршување на бројни терористички напади, вклучително и напад со пукање во кој во јуни беше убиен израелскиот цивил Амнон Мухтар. Тој беше елиминиран заедно со четворица други терористи кои се криеја во џамија во Тулкарм“, соопштија Израелските одбранбени сили (ИДФ) на Икс.

 

Поврзани содржини