ГО ЧИНЕА ПУТИН 250 МИЛИОНИ ДОЛАРИ МЕСЕЧНО, СЕГА КОНЕЧНО ГИ РАЗОРУЖА „Вагнеровците“ ќе останат без оружје, но и без обвинение

Експертите, меѓу кои и Антон Герашченко, велат дека единствениот начин на кој Русија може да собере 250 до 350 милиони долари месечно во готовина е да се извлечат пари од руските милијардери и нивните бизниси со нафта, руда и суровини, а тоа е можно само ако Владимир Путин директно влијае врз моќниците.

2,389

Меѓу 250 и 350 милиони долари секој месец ја чинело Русија финансирањето на приватната војска „Вагнер“. Но, денеска руското Министерство за одбрана соопшти дека во тек се подготовки за предавање на тешкото оружје и опрема на Вагнер, пренесува Би-Би-Си.

Во меѓувреме, руската служба за безбедност, ФСБ, соопшти дека оние кои биле дел од бунтот нема да се соочат со кривично гонење. Случајот е затворен.






Дали навистина „Вагнер“ толку го чинеше Путин? При претресот на наводната канцеларија на „Вагнер“ во хотел во Санкт Петербург во кутии беа пронајдени 50 милиони долари, пари за кои лидерот на групата, Евгениј Пригожин изјави дека се наменети за исплата на војниците.

Пригожин утринава слета во Минск со бизнис-авион, според информациите на flightradar.

Експертите, меѓу кои и Антон Герашченко, велат дека единствениот начин на кој Русија може да собере 250 до 350 милиони евра месечно во готовина е да се извлечат пари од руските извозни бизниси со нафта, гас, рудници, метали, злато и други природни ресурси на Русија, а таквата финансиска логистика може да се обезбеди само со влијание врз државните компании и други милијардери – Владимир Путин.

Имаше дури и теорија дека бунтот на Пригожин дошол затоа што директорите на државните компании и олигарсите почнале да се сомневаат во спецификацијата на повеќе од 2 милијарди долари од трошоците на Вагнер во 15-те месеци од војната во Украина.

Како и да е, се чини дека завршува долгата ера на матното финансирање на Вагнер.

 

Поврзани содржини