ГО ЧЕКАВМЕ ТАРАВАРИ ДА ДОЈДЕ ТАМУ КАДЕ ШТО ПРИПАЃА Зијадин Села ја образложи одлуката на Централното собрание на Алијанса на Албанците 

Централното собрание на Алијанса на Албанците на денешната седница во Скопје со 106 гласа „за“ изгласа иницијатива за разрешување на Арбен Таравари од претседател на партијата.

700

На денешното Централно собрание на Алијанса на Албанците што се одржа во Скопје усвоена е иницијативата за разрешување Арбен Таравари од претседател на партијата. Ова на прес-конференција по завршување на состанокот го соопшти Зијадин Села, кој според статут е претседател на партиското собрание на Алијанса на Албанците

– Го чекавме да дојде претседателот на партијата Таравари таму каде што припаѓа и каде што му е местото, а тоа е во ова Централно собрание како највисок орган меѓу два конгреси. Тој не дојде. За жал, според ова, од страна на членови на централното претседателство, беше предложено дека е беспредметна точката од дневниот ред каде што претседателот треба да даде отчет за последните збиднувања во Алијанса на Албанците, по што таа беше тргната и беше ставена друга точка, односно иницијатива за разрешување на претседателот на партијата, според членот 48 од статутот на партијата – кажа Села.






Села информираше дека по таа точка од 108 присутни членови на централното собрание, 106 гласале „за“ иницијативата, еден бил против и еден воздржан.

– Како последица и резултат на оваа одлука, другата точка беше да се оди на Конгрес што ќе се одржи на 18 февруари и каде што ќе се одлучува за иницијативата што ја донесе Централното собрание на Алијанса на Албанците за разрешување на претседателот на партијата Таравари – рече Села.

Набрзо по одлуката на Централното собрание на партија, Таравари се огласи преку социјалните мрежи и порача дека неговата кауза е промена, а упати и обвинувања за соработка на Села и неговите поддржувачи со ДУИ.

„Неуспешни се обидите на ДУИ и сценаристот Артан Груби да дефокусираат со тоа „чија е партијата“. Од денеска повеќе не се занимавам со оваа работа. Секој што има поплаки нека се обрати до судот. Нашата кауза е промената што започнува. 8 мај е секој ден се поблиску“ – напиша Арбен Таравари.

Поврзани содржини