ГО БРКАЛЕ СО ПИШТОЛИ НИЗ ЃОРЧЕ ПЕТРОВ Едно лице со прострелна рана е пренесено во болница
Повредениот бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“ за укажување помош, а увид на местото извршила екипа на СВР Скопје.
Во скопската населба Ѓорче Петров ноќеска се случил оружен инцидент, откако, како што соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР), две лица со пиштоли нападнале друго лице и му нанеле прострелна рана.
„Ноќеска во 00.47 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачје на Ѓорче Петров во Скопје, две лица пукале кон А.В.(31) од Скопје и му нанеле прострелна рана. Од пукањето било оштетено и едно паркирано возило цитроен“, соопшти МВР.
Повредениот бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“ за укажување помош, а увид на местото извршила екипа на СВР Скопје.