ГО БРАНЕШЕ И ГО ОДБРАНИ ЉУБЕ БОШКОСКИ ВО „КАМПАЊА“ Почина адвокатот Владимир Ракочевиќ
Еден од последните случаи на кои работеше Ракочевиќ беше случајот „Кампања“ во која заедно со тимот адвокати успеа да издејствува ослободителна пресуда за поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски.
На 92 годишна возраст во Скопје почина долгогодишниот адвокат, Владимир Ракочевиќ, еден од најпознатите македонски адвокати, кој целиот живот се занимаваше со кривичното право.
Еден од последните случаи на кои работеше Ракочевиќ беше случајот „Кампања“ во која заедно со тимот адвокати успеа да издејствува ослободителна пресуда за поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски кој беше обвинет за злоупотреба на пари за изборна кампања и за злоупотреба на службената положба и овластувања, а во врска со изборната кампања за парламентарните избори на 5 јуни 2011 година.