ГЛУВОНЕМО НЕМОЌНО МОМЧЕ ПРОНАЈДЕНО ВО СТРУГА Неговите родители во Банско ќе добијат кривична пријава

Остварен е контакт со неговите родители Т.М. и Ш.М. од истото село и малолетникот денеска, ќе биде вратен во неговиот дом, информира портпаролот Стефан Димоски.

389

Малолетник со посебни потреби, кој живее во струмичкото село Банско, доцна синоќа сам бил затекнат во близина на маркет во Струга, соопшти СВР Охрид.

Полицијата додава дека момчето е згрижено и бил остварен контакт со неговите родители.






– Во ОВР Струга синоќа во 22 часот и 10 минути е пријавено дека, пред маркет лоциран на улицата „Ристо Крле“ во Струга, затекнато е малолетно немоќно глувонемо лице. По известување до јавен обвинител и Центар за социјални работи, лицето е згрижено, преземени се мерки и констатирано е дека се работи за 17-годишен малолетник од струмичкото село Банско. Остварен е контакт со неговите родители Т.М. и Ш.М. од истото село и малолетникот денеска, ќе биде вратен во неговиот дом – информира портпаролот Стефан Димоски.

По целосно документирање на настанот, додаде, против родителите ќе биде поднесена кривична пријава по член 200 од Кривичниот законик „напуштање немоќно дете“.

Директорот на Центарот за социјални работи во Струга Мевмед Халили за МИА информира дека во координација со Струмичкиот центар денеска лицето ќе биде предадено на неговото семејство.

Поврзани содржини