ГЛУШЕЦ КАСНАЛ ДЕТЕ НА ИГРАЛИШТЕ ВО КАПИШТЕЦ Скопје ќе го преплават стаорци, предупреди Пановски

Скопје веќе 20 дена е елдорадо за глодарите. Имаат достапна храна во изобилство. Излегуваат од подрумите, канализацијата и се хранат, се оплодуваат и за еден месец од секое животно ќе се создадат во просек по 10 младенчиња, предупреди инфектологот Никола Пановски.

1,950

Десетгодишно дете било каснато од глушец на игралиште во скопската населба Капиштец, додека си играло со други деца, објави телевизија Сител“

На детето од угризот му била раскрвавена раката. Телевизијата објави и лекарски извештај за каснувањето. Според телевизијата, детето било каснато од глодарот среде игралиште.






Инцидентот се случува во време кога Скопје се соочува со криза со подигањето на ѓубрето, а јавното претпријатие „Комунална хигиена“ е под истрага.

Во отсуство на редовни услуги од „Комунална хигиена“, градоначалниците на дел од скопските општини почнаа да организираат акции за чистење со сопствена и со изнајмена механизација, обидувајќи се барем делумно да ја санираат состојбата.

Ситуацијата е надвор од контрола.

Инфектологот Никола Пановски вчера предупреди дека Скопје се соочува со сериозен ризик од масовно размножување на глодари и можни заразни болести поради наталожениот смет.

„Внимание, стаорците нема да чекаат втор круг на избори! Вториот круг, заедно со рокот на жалби, предавањето на функцијата, нема да заврши пред 9.11.2025 година. За 18 дена стаорците, па и глувците може енормно да се размножат. Скопје веќе 20 дена е елдорадо за глодарите. Имаат достапна храна во изобилство. Излегуваат од подрумите, канализацијата и се хранат, се оплодуваат и за еден месец од секое животно ќе се создадат во просек по 10 младенчиња. Значи и по евентуално чистење на градот за 72 часа по 20 дена, ќе имаме илјадници гравидни глодарки кои на свет ќе донесат десетици илјади младенчиња. Можеби ќе имаме исчистен град, но глодарите ќе бидат многубројни и барајќи храна, ќе бидат крајно агресивни. Храната ќе ја бараат во нашите подруми и гаражи, а ако не ја најдат ќе ни влезат дома“, предупреди Пановски.

Апелирам до Владата, прогласете вонредна состојба, сметот почнете да го чистите веднаш, додаде тој.

Поврзани содржини