ГЛУПОСТА ГО ЧИНИ 19.000 ЕВРА Турист во Брисел се качил на штотуку реставрирана статуа и ја уништил!
Пијан и издрогиран турист со еден потег успеал да ја скрши раката на статуата која е дел од големата зграда на Берзата во Брисел чие реновирање чинело вкупно 150 милиони евра.
Еден ирски турист стана „идиот на денот“ во Белгија откако, од само нему познати причини, реши да се качи на штотуку реновирана статуа во Брисел и случајно да ја уништи.
Пијан и издрогиран турист со еден потег успеал да ја скрши раката на статуата која е дел од големата зграда на Берзата во Брисел чие реновирање чинело вкупно 150 милиони евра.
Кога се симнал од статуата, го чекале другарите, а набрзо и полицијата од која се обидел да побегне.
Органите на редот го фатиле во блискиот ресторан за брза храна. Полицајците за медиумите во Брисел изјавиле дека мажот бил толку пијан и издрогиран што не можел да сфати колкава е штетата што ја предизвикал.
Самата реставрација на статуата чинела околу 19.000 евра, а несомнено е дека туристот ќе мора да ја плати од свој џеб, во спротивно ќе оди во затвор на долго време, пренесува Nieuwsblad.
Нел Вандевенет, проект-менаџер за реставрација на зградата на берзата, рече дека сега нема да може толку брзо да се врати раката на статуата на своето место.
-Би сакал да ви кажам дека поправката ќе оди брзо, но нема. Ќе бидат потребни неколку недели, можеби дури и месеци за да се обнови – рече Вандевенет.
Зградата на Берзата беше официјално отворена минатата саботата, а пијаниот турист од Ирска успеа да ја уништи статуата само еден ден потоа.