Скромност другари, тоа е она што постојано ви го кажувам. Скромноста нè прави големи.
Ова на Царовска со шалот е многу глупав гаф. Не смеат да си дозволат министри и директори да парадираат во скапи парчиња гардероба во најсиромашната држава во Европа. Прво, затоа што се државни службеници и се платени од нашите тешко заработени пари, па ако не повеќе, треба барем да одглумат скромност за да покажат дека ги ценат парите што им ги даваме. И второ, раскошот кај државните функционери во раскантани држави како Македонија алудира на криминал.
Мене, на пример, воопшто не ми е предизвик да носам скапи и брендирани шалови, капути, чизми, ташни и слично и затоа не ги разбирам таквите фетиши. Одам во нормална продавница и купувам нормални работи за нормални пари, а не е дека не можам да си дозволам и повеќе. Ама немам потреба, не ми значи.
Зошто некому тоа би му било предизвик, стварно не разбирам? Зошто сакаат да бодат очи? Толку фино и културно човек може да се дотера за нормални пари без да забегува, а сепак ете забегуваат.
Непотребно.
(ФБ статус на авторот)