ЕДЕН ПЕРИОД ТИЛДА СВИНТОН ЖИВЕЕЛА СО МАЖОТ И СО ЉУБОВНИКОТ „Се вљубив, но не морам да прекинам со таткото на моите деца“

Тилда Свинтон е позната по својот впечатлив андрогин стил, но и по тоа што не ја интересира што мислат другите за неа, па затоа нејзиниот необичен љубовен живот не е големо изненадување.

126

Британската актерка Тилда Свинтон (65) е позната и по тоа што го живее животот според свои правила, не дозволувајќи конвенционалните норми да го обликуваат нејзиниот пат. Оваа необична филозофија, заедно со нејзините неконвенционални животни избори, често станува главна тема на светските медиуми, обезбедувајќи ѝ на јавноста неисцрпен извор на интриги.

Нешто со што често привлекува посебно внимание е нејзиниот љубовен живот. Имено, актерката го делела својот дом во Шкотска со својот партнер, Џон Бирн, кој бил 21 година постар од неа. Заедно добиле близнаци, што на прв поглед може да изгледа како приказна што се вклопува во традиционалните рамки.






Но, љубовниот живот на Тилда не застанал само на едноставен брак со Џон. Сликарот Сандро Коп (47), кој бил љубовник на Тилда, извесен период исто така живеел во нивниот дом, а нивната врска не била тајна. Бирн немал ништо против нивната врска, што им овозможило на децата да растат во средина со двајцата родители и дополнително присуство на уметникот.

Свинтон во едно интервју изјави: Сè уште го сакам Џон, но се заљубив и во Сандро, па ова беше единственото разумно решение. Тоа што сум со Сандро не значи дека морам да го завршам животот со таткото на моите деца. Сите сме едно семејство.

Таа беше во врска со Бирн од 1989 година, а го запозна 18 години помладиот новозеландски уметник со германско потекло во 2004 година.

– Џон не беше премногу изненаден. Знаеше дека има голема разлика меѓу нас. Џон е многу постар од мене и имаше чувство дека во одреден момент ќе најдам некој помлад – рекла еднаш неконвенционалната актерка.

Иако овој „разумен“ договор изгледал како идеално решение за сите вклучени, не траел долго. Тилда и Сандро наскоро се иселиле од нивниот заеднички дом, а нивната врска продолжи да се развива. Денес, Тилда и Сандро се официјално пар и често се појавуваат заедно во јавноста, продолжувајќи да будат љубопитност и фасцинација.

– Сето тоа е доста здодевно. Таткото на моите деца и јас сме многу добри пријатели, а сега сум во среќна врска со некој друг. И сите сме пријатели. Животот не мора да биде комплициран. Мора да имате сочувство и да не се обвинувате себеси кога работите ќе се комплицираат – рекла актерката во едно интервју.

Поврзани содржини