Глумци без кациги
Демек, тргнале тројцата да се провозат со двоциклите и баш на нив налетала полициска патрола, а полицајците, пак, се погодиле некои баш терсене, и никако не можеле да им прогледаат низ прсти за кацигите. Кого вие заебавате, бре?
Баш вчера гледав еден филм со прекрасната Ешли Скот и ми остана во паметење една сцена кога полицајци ја запреа главната актерка затоа што возеше со брзина над дозволената. Јакото беше тоа што итрата блондинка успеа да ја натера строгата џандарка да се обложат: да не ја казнува ако по направената проверка системот покаже дека никогаш претходно во животот немала направено каков било сообраќаен прекршок, а во спротивно, да ѝ напише парична казна и да ја пикне во затвор. И стварно, полицајката изврши проверка и се докажа дека Ешли навистина е еден од најпримерните возачи во Америка, но сепак, ја пикна во затвор. Зошто? Затоа што сега на џандарката ѝ беше сомнителна возачката дозвола на Ешли, оти, како што рече, не е можно еден долгогодишен возач никогаш во животот да не погрешил, макар тоа било и за погрешно паркирање.
Денеска повторно ми текна на таа сцена откако прочитав во медиумите дека премиерот Зоран Заев, заедно со Венко Филипче и Љупчо Николовски, бил казнет со 50 евра поради неносење кацига на мотор. Демек, тргнале тројцата да се провозат со двоциклите и баш на нив налетала полициска патрола, а полицајците, пак, се погодиле некои баш терсене, и никако не можеле да им прогледаат низ прсти за кацигите. Кого вие заебавате, бре? Можеби вие тоа го викате пи-ар, ама ние го викаме многу лош обид за пи-ар.
Можеби ќе ве интересира
Не ви е јасно зошто така ви зборувам? Затоа што имам изгледано многу театарски претстави во животот, па имам храброст да кажам дека оваа е една од најдосадните. А претставите најмногу зависат од режијата и од актерите. Овде, во вашата, и режијата е катастрофална, а и актерите немаат баш некој талент за глума.
Но, дури и да не сум во право. Дури и навистина да не било изрежирано и полицијата навистина да си ја извршила работата професионално, на што личи бре? Каков пример остава премиер на една држава ако плаќа казни за глупави прекршоци? Оти, ако тој не ги почитува сообраќајните правила, тогаш што е со оние другите, поважните, државничките? Каков пример остава министерот за здравство ако не си ги штити синусите додека вози мотор? Каков пример остава вицепремиер за борба против корупцијата ако само си ги плаќа казните, а не се ни обидува да дознае дали полицајците што го казнуваат се поткупливи?
На крајот на краиштата, повторно сѐ се сведува на онаа старата, безобразната: Они дупење, ама ние крепење!