📽 ГЛУМАМ ДЕКА ВЕЖБАМ, НО СРБИЈА Е НА ВИСТИНСКИОТ ПАТ Вучиќ призна дека мора да се врати во форма

Ова кратко време пред ручекот ќе го искористам како нешто да правам, за тоа што ќе го јадам да биде помалку забележливо. Во секој случај, Србија се врати на вистинскиот пат, рече српскиот претседател седејќи на клупа во парк.

4,231

„Далеку сум од добра форма, но Србија се врати на вистинскиот пат, Србија победува и веќе никој не може да ја спречи“.

Вака напиша српскиот претседател Александар Вучиќ на Инстаграм. На снимката во објавата тој седи на клупа за вежбање во парк облечен во шорцеви.






„Јас сега демек работам нешто, а Синиша фотографира, глумам дека сум физички активен. Цело утро правиме поважни работи“.

 

Потоа тој почна да ги набројува сите проекти што планира да ги заврши владата на Србија во наредниот период.

„Ова кратко време пред ручекот ќе го искористам како нешто да правам, за тоа што ќе го јадам да биде помалку забележливо. Во секој случај, Србија се врати на вистинскиот пат. И време е да ги подобрам физичките карактеристики, да бидам малку помалку дебел и со малку повеќе енергија отколку што бев во изминатите неколку месеци“.

Поврзани содржини