Хидрантите во „Глобал“ биле нефункционални уште од самото пуштање на трговскиот во употреба.
Некој потпишал технички прием на објектот. Тој некој сигурно денес е побогат за неколку станови.
Ние што работиме за плата и што не сносиме вина за пожарот, сега треба да бидеме солидарни и финансиски да ја покриеме неодговорноста на корумпираните инстанци кои овозможиле вакви импровизации.
Дали гледате некаква логика?
Јас не гледам.
Вашите политичари (мои не се) сега ве лажат дека треба да се солидаризирате и да ја покриете нивната неодговорност и неодговорноста на цел ланец на институции кои се под нивна контрола и кои не биле на висина на задачата: надзор, технички прием, инспекции, пожарна… Инстанци платени од даноци, од наши пари. Од ваши пари. Еднаш веќе сме платиле, сега ни велат дека треба да сме солидарни и да платиме повторно, нè фаќаат на емоции.
А политичарите се познати токму по немањето емоции, ама затоа се одлични во манипулирањето со туѓите. Туѓите емоции се последното прибежиште на неуспешните политичари.
Вашите политичари (мои не се) се ептен неуспешни. И криминализирани.
(ФБ статус на авторот)