📽️ ГЛИСЕР СЕ ЗАБИ НА КЕЈОТ ВО РОВИЊ, СЦЕНА КАКО ОД ФИЛМ Кружеше пред да се сруши пред очите на туристите

Никогаш не сум видел нешто слично, како брод да лета директно кон луѓето, изјавил еден од очевидците на настанот.

246

Глисeр се забил право во Ривата во Ровињ, оставајќи зад себе сцена како од филм на акција, јави хрватскиот портал Морски. Порталот објави неколку снимки кои ги направиле граѓани. На една од нив се гледа дека глисерот прави големо завртување пред да застрани од патеката и да се сруши во кејот.

Очевидци велат дека звукот од ударот бил страшен и дека луѓето на кејот се разбегале за да не бидат повредени.






– Никогаш не сум видел нешто слично, како брод да лета директно кон луѓето – рече еден од сведоците.

Полицијата во Ровињ соопшти:

„Глисeрот со висока брзина удрил во кејот и предизвикал материјална штета. За среќа, нема пријавени жртви“.

Истрагата е во тек, а неофицијално се дознава дека возачот бил под дејство на алкохол, пишува сајтот Морски.

Жителите на Ровињ предупредуваат дека ваквите инциденти се закана за безбедноста на туристите и бараат построга контрола врз возењето на пловила во близина на кејот.

Поврзани содржини