Глигорие Гоговски го зголеми својот капитал во ТТК Банка
Гоговски е најголем поединечен акционер во тетовски „Тетекс“и поседува 43,5 отсто ( 52.555) од нејзните акции со право на глас. Тој поседува и акции во Осигурителна полиса АД Скопје (28.779 акции) а има и влогови во други трговски друштва.
Глигорие Гоговски, актуелен претседател на Надзорниот одбор на ТТК Банка АД Скопје купи 2.000 обични акции, соопшти банката на Македонска берза.
Со оваа нова инвестиција од 2.000 акции, Гоговски се повеќе го зголемува својот акционерски капитал во ТТК Банка.
ТТК моментално има вкупно 907.888 обични акции со право на глас, а вредноста на една акција изнесува 1.300 денари.
Најголем дел од акциите се во ТТК Банка се на Тетекс со учество од 41,53% во вкупниот број на акции. Петролгас од Тетово поседува 3,15 отсто од акциите, додека физички лица поврзани со Тетекс 5,11 отсто од акциите. Вкупно групацијата Тетекс поседува 49, 79 отсдто од акциите.
Гоговски е најголем поединечен акционер во тетовски „Тетекс“ и поседува 43,5 отсто од нејзните акции со право на глас.Тој поседува и 28.779 акции во Осигурителна полиса АД Скопје, а има и влогови во други трговски друштва