Амeриканската актерка Глен Клоуз (73) доби две сосема спротивни номинации за истата улога во истиот филм. Клоуз е номинирана и за Златна малина за најлоша улога и за Оскар за најдобра споредна улога.
Славната актерка, која потекнува од Конектикат, вчера беше номинирана по осми пат за Оскар, за споредна женска улога во филмот „Горштачка елефија“ на „Нетфликс“.
И покрај бројните номинации, Клоуз сѐ уште не добила Оскар.
Оваа година за престижната златна статуетка ќе се бори со Оливија Колман, Марија Бакалова, Аманда Сејфрид и Јун Јух-јунг.
Само на двајца други актери во историјата им се случило да бидат номинирани за иста улога со Златна малина и со Оскар – на Ејми Ирвинг и Џејмс Коко.