Гледачите се враќаат на трибините за финалето на Купот на Италија

Натпреварот Аталанта – Јувентус ќе се игра на 19 мај на стадионот „Мапеи“ во Реџо Емилија.

276

Претседателот на Серија А, Паоло Дал Пино објави дека на гледачите ќе им биде дозволено да присуствуваат на финалето на фудбалскиот Куп на Италија меѓу Аталанта и Јувентус.

– Благодариме на владата што го одобри нашето барање да ги вратиме навивачите во финалето на Купот на Италија. Тоа е знак на враќање кон нормалноста што ни треба – го цитира Дал Пино Фудбал Италија.






Натпреварот Аталанта – Јувентус ќе се игра на 19 мај на стадионот „Мапеи“ во Реџо Емилија.

Поврзани содржини