ГЛЕДАЈТЕ НА ЧАСОВНИКОТ ИЛИ ЌЕ ТРЕБА ПЕШ ДА СЕ СИМНУВАТЕ ОД ВОДНО Жичницата од утре ќе работи еден час помалку
Секој понеделник и секој последен вторник во месецот се неработни денови на објектот.
Јавното сообраќајно претпријатие ЈСП денеска информира дека жичницата на Водно од утре ќе работи еден час помалку, односно од 10 до 17 часот.
„Ве информираме дека Жичарницата од утре, вторник (01.11.2022 год), ќе работи еден час помалку од досега, односно од 10 до 17 часот. Во период од 16-16.30 часот е последно возење од долу кон врвот, односно во 16.45 часот е последно возење од врвот надолу. Новото работно време е согласно Одлуката за работно време на Жичарницата во период ноември – март. Секој понеделник и секој последен вторник во месецот се неработни денови на објектот“, наведено е во соопштението.