„GlaxoSmithKline“ и „CureVac“ заедно ќе прават вакцина против мутациите на ковид-19
„Програмата за развој ќе започне веднаш, со цел да се добие вакцина во 2022 година, што ќе добие регулаторно одобрување“, се вели во заедничкото соопштение.
Британската фармацевтска групација „GlaxoSmithKline“ и германската биотехнолошка компанија „CureVac“ објавија план за заедничко развивање вакцина против коронавирусот што потенцијално ќе неутрализира многу мутации на ковид-19.
„Програмата за развој ќе започне веднаш, со цел да се добие вакцина во 2022 година, што ќе добие регулаторно одобрување“, се вели во заедничкото соопштение.
Се додава дека „GlaxoSmithKline“ ќе го поддржи производството на до 100 милиони дози вакцини на „CureVac“ оваа година. Вредноста на новото партнерство е 150 милиони евра.