Главниот штаб за управување со кризи ја презема координацијата во борбата против пожарите
Како што соопшти директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, планот е ист по обем како минатите години кога имаше силни пожари, но е засилен.
Од денеска Главниот штаб за управување со кризи ја презема целосната координација во борбата против пожарите.
Главниот штаб на седница попладнево донесе Акциски план за превенција и справување со пожарите.
Како што соопшти директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, планот е ист по обем како минатите години кога имаше силни пожари, но е засилен.
– Планот се однесува на неколку цели: заштита на здравјето и животот на граѓаните, заштита на материјалните добра и животната средина, зајакнување на мерките за изолирање на опожарените подрачја, вклучување на надлежните институции и обезбедување високо ниво на координација, како и координација и распределба на меѓународната помош – истакна Ангелов.