ГЛАВНИОТ ГРАД СЕ БУДИ Лицата со попреченост од другите градови ќе ги паркираат возилата под исти услови како и скопјани

Целта на оваа иницијатива е ЈП 'Градски паркинг' Скопје да обезбеди можност за паркирање на лица со попреченост под исти услови независно од нивното место на живеење и да ја прошири листата на дијагнози на лица со попреченост. 

952

По вчерашната објава на велешанка која на социјалните мрежи се пожали дека во Скопје ѝ била наплатена казна затоа што паркирала на место за инвалиди иако на возилото има налепница за инвалиди и е член на здружение на лица со инвалидност, Град Скопје конечно ќе почне да го решава овој проблем.

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје веќе поднесе барање за дополнување на дневниот ред со точка предлог иницијатива за изменување на Програмата за повластено користење на паркинг услуги на јавните паркиралишта и површини наменети за паркирање со кои стопанисува ЈП „Градски Паркинг” Скопје од страна на лица со попреченост за 2023 година.






„Целта на оваа иницијатива е ЈП ‘Градски паркинг’ Скопје да обезбеди можност за паркирање на лица со попреченост под исти услови независно од нивното место на живеење и да ја прошири листата на дијагнози на лица со попреченост. Ги повикуваме и очекуваме поддршка и од останатите советнички групи во Советот на Град Скопје за поддршка на оваа иницијатива“, се вели во соопштението.

СРАМЕН ОДНОС НА „ПАРКИНЗИ“ КОН ЛИЦЕ СО ИНВАЛИДИТЕТ Пратила порака за паркирање, но сепак платила казна зашто не е од Скопје!?

 

Поврзани содржини