Главниот епидемиолог на Пакистан е заразен со коронавирусот

204

Шефот на пакистанскиот тим за борба против ковид-19 доктор Зафар Мирза, е позитивен на коронавирусот.

Мирза на Твитер напиша дека има благи симптоми и оти е во домашна изолација, пренесува Си-Ен-Ен.






Пакистанскиот министер за надворешни работи, Шах Махмуд Куреши, исто така, е заразен со коронавирусот, што беше потврдено во петокот.

Во Пакистан до сега се потврдени 231.817 случаи на коронавирусот, а 4.762 лица починале.

Поврзани содржини