Главната улица во Ѓорче преплавена со документи

1,202

Попладнево непознати лица исфрлиле огромен број документи на главната улица во скопската општина Ѓорче Петров, соопшти ЈП Комунална хигиена.  Екипите на претпријатието веднаш интервенирале на терен и ги подигнале  расфрланите отпадоци и ќе ги достават до Инспекторатот на Градот Скопје, со цел навремено да се откријат и санкционираат прекршителите на Законот за јавна чистота.

– Апелираме до граѓаните на градот Скопје во овој период особено да внимаваат каде и на кој начин го одлагаат својот комунален отпад, затоа што со ваквите постапки значително се зголемува и ризикот од ширење заразни заболувања. Отпадот треба да се одлага уредно спакуван и исклучиво во поставените садови, а не во нивната околина или на други јавни површини, со цел да се спречи евентуалното создавање диви депонии. Само преку правилното постапување со отпадот, ќе го заштитиме сопственото и јавното здравје – изјави директорот на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Абдусамед Шабани.

 

Поврзани содржини