ГЛАВНАТА ДОБИВКА Е СТАН ВО МОДЕРЕН КОМПЛЕКС ВО ОПШТИНА АЕРОДРОМ Државна лотарија го претстави инстант лозот „Доме, сладок доме“
Освен станот, лозот нуди и многубројни парични добивки во вредност од 100 до 100.000 денари, што дополнително ја зголемува возбудата.
Секој нов дом почнува со еден сладок сон, а понекогаш и со само еден лоз. Државна лотарија го претставува инстант лозот „Доме, сладок доме“, кој нуди шанси за парични добивки и можност да се оствари еден од најголемите животни соништа – сопствен дом во Скопје.
Со цена од само 100 денари, секој има шанса да го предизвика сопствениот момент на среќа. Играта е едноставна и брза: се гребат трите добитни броеви и потоа сите 15 полиња на лозот. Доколку еден од вашите броеви се совпадне со некој од добитните броеви, лозот е добитен. Под сјајната површина можеби се крие токму клучот до вашиот нов дом.
Главната добивка е стан во нов, модерен станбен комплекс во општина Аеродром, една од најпосакуваните урбани локации во Скопје. Освен становите, лозот нуди и многубројни парични добивки во вредност од 100 до 100.000 денари, што дополнително ја зголемува возбудата.
Во продажба е втората серија од инстант лозот „Доме, сладок доме“, а досега од двете серии на оваа инстант игра, веќе има среќни добитници што го остварија својот сон. Луѓе од различни делови на државата, Скопје, Штип, Битола, Кавадарци, Тетово, Кичево, Преспа и Ресен веќе се вселени во своите нови станови. Приказните потврдуваат дека среќата најчесто доаѓа кога најмалку ја очекуваме.
За некого „Доме, сладок доме“ значеше конечно свој кров над глава. За друг, подарок за дете или блиски. Ова не е само игра. Туку вистинска животна шанса, да се почувствува сигурност, стабилност и да се направи голем чекор напред.
Лозот може да се купи на сите продажни места на Државна лотарија низ државата. Оттаму потсетуваат дека игрите на среќа се форма на забава и дека треба да се игра одговорно.