Принцот Вилијам присуствуваше на „магичната зимска венчавка“ на неговата поранешна девојка Роуз Фаркухар. На настанот пристигна без сопругата Кејт Мидлтон.
На свадбената церемонија присуствуваше и поранешното момче на Кејт Мидлтон.
Роуз Фаркухар се омажи за својот свршеник Џорџ Гемел во црквата Света Марија во Глостершир.
View this post on Instagram
Инаку, Роуз е пријателка со принцот Вилијам уште од детството, а некогаш му била девојка, пишуваат британските медиуми.
„Тоа беше магична зимска свадба на снег. Младенците поминаа низ тунелот што го направиле гостите на венчавката, а секој од нив држел прскалка во рацете“, рекле присутните на свадбата.
View this post on Instagram
Роуз беше гостинка на свадбата на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон во 2011 година.
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм