ГЛАСОВИТЕ ЗА МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ СЕ ОД РАЗОЧАРАНИ ЧЛЕНОВИ НА СДСМ Да подадеме рака кон избирачите, вели Деспотовски од СДСМ
Новото партиско раководство дефинитивно треба да подаде рака кон избирачите, кон нашите членови кои што во првиот круг, а дел од нив и во вториот круг сега, заокружиле за Максим Димитриевски, рече Јован Деспотовски од СДСМ во гостување на ТВ21.
Јован Деспотовски од СДСМ денеска во емисијата „Дејли Клик“ на ТВ21 истакна дека гласовите за кандидатот за претседател Максим Димитревски биле од разочарани членови на СДСМ.
– Да бидеме реални, ако гледаме како бројка вклучително и тие што ги освои нашиот кандидат, гласачкото тело е тука, и тоа е една охрабрувачка порака за сите оние кои што гравитираат околу СДСМ – вели Деспотовски.
Тој додава дека клучното прашање е што треба сега да направи СДСМ.
– Новото партиско раководство дефинитивно треба да подаде рака кон избирачите, кон нашите членови кои што во првиот круг, а дел од нив и во вториот круг сега, заокружиле за Максим Димитриевски – додаде Деспотовски.